Саутгејт повика дури 33 фудбалери, но и покрај тоа нема место за Рашфорд и Хендерсон!

by bojan
1 минути читање
Саутгејт

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт повика 33 фудбалери за Европското првенство, но и на овој проширен список нема место за играчи како Маркус Рашфорд и Џордан Хендерсон.

Слабата сезона го чинеше Маркус Рашфорд место во тимот на Англија за ЕВРО 2024, напаѓачот на Манчестер јунајтед не успеа да се најде ниту на проширениот список од 33 играчи кои попладнево беше објавен.

Герет Саутгејт исто така реши да не смета ниту на Џордан Хендерсон, како и триото на Челси составено од Рис Џејмс, Бен Чилвел и Рахим Стерлинг.

Одличниот финиш на сезоната на Кристал Палас придонесе неколку фудбалери да добијат повик, па на списокот се најдоа Дин Хендерсон, Марк Геи, Адам Вартон и Еберечи Езе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани