Како Лео Меси го „уништи“ Реал Мадрид (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Големото дерби
помеѓу Реал Мадрид и Барселона помина во знакот на Лео Меси, Аргентинецот имаше
неколку одлични потези и два погодока.

Па ѕвездата на
Барселона доби специјална анализа од емисијата Ел Дија Деспуес и видео кое
покажува како го „уништи“ лутиот ривал во недлата.

Видеото започнува
со фамозната прослава по голот во 92. минута, и изјавата на Луис Енрике во која
тренерот на Барса вели: „Меси прави разлика и кога седи дома и вечера
.

Пред почетокот на
средбата е уловен интересен момент, Кристијано Роналдо ги бодри своите соиграчи
и им вели „Ајде, ајде“, а Лео Меси мисли дека Португалецот му дофрла нешто на
него. На крајот двајцата имаат пријателска прегратка.

Ел Дија Деспуес
одблиску го доловува сите стартови врз играчот од кој добро се гледа дека
играчите на Реал Мадрид не го штедеа Аргентинецот.

Ги има и сите
дриблинзи и каректеристични пробиви на Лео Меси, како и двата погодока.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани