92
„Кралевите“ го
загубија големото дерби во последните мигови, Лео Меси го замолкна Сантијаго
Бернабеу во 92. минута.
Домаќаните беа
разочарани, камерите го уловија Кристијано Роналдо како збесна и нервозно
довикуваше „направете фаул“.
Медиумите од
Шпанија сега објавија нови снимки кои не беа пренесени во текот на натпреварот.
По победоносниот
гол на Лео Меси, во клинч влегоа Дани Харвахал и Луис Суарез.
Десниот бек го
провоцираше напаѓачот на Барселона со поразот од Јувентус.
„3-0 во
четвртфиналето и ве испратија дома. Ќе гледаш Лига на Шампиони од дома…” – му дофрлаше Карвахал на Суарез.