Рафа Бентиез
успеа експресно да го врати Њукасл во Премиерлигата, популарните „чавки“
вечерва славеа со 4-1 во дуелот со Престон и на две кола пред крајот си
обезбедија промоција во најсилното првенство на Англија.
Њукасл можеби не
одигра брилијантна сезона, но работата е завршена, клубот од Сент Џејмс Парк
одново ќе биде дел од елитата.
Слична беше
ситуацијата и вечерва, Њукасл на пауза можеби замина со предност од 2-1, но Престон во
првиот дел беше рамноправен противник, а на моменти и подобар.
Гостите му креираа проблеми на противникот се додека Галагер не доби црвен картон за
намерно играње се рака во 64. минута.
Со голот на Ричи
од пенал и вториот погодок на Перез, Њукасл потоа ги реши сите дилеми за големо
славје и промоција во Премиерлигата.