310
Денеска беа извлечени трите бараж двојки за пласман во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).
Победа ќе има тешка задача, прилепчани за противник го добија амбициозниот тим на Куманово.
Вардарски од Богданци ќе се сретне со Кораб, додека третиот дуел е Влазерими против Борец.
Бараж двојки за пласман во ВМФЛ:
Победа – Куманово
Вардарски – Кораб
Влазерими – Борец
Натпреварите треба да се играат следниот викенд, а термините и местата дополнително ќе бидат одредени.