201
Пауло Дибала
неодамна стави потпис на нов договор и се обврза кон „Старата Дама“ до 2022, но
и покрај тоа медиумите продолжуваат да пишуваат за иднината на напаѓачот.
Дон Балон
пренесува дека името на Аргентинецот, заедно со Еден Азар и Антоан Гризман, се
наоѓа на листата со желби на Флорентино Перез за нов „Галактико“.
Претседателот на
Реал Мадрид подготвува супер понуда за Пауло Дибала која Јувентус тешко ќе може
да ја одбие.
Извештајот вели дека „Кралевите“ се спремни да ги понудат Хамес Родригез и Алваро Мората
во замена за репрезентативецот на „Гаучосите“.