Сорлот влезе во одбрано друштво, еве кој други фудбалери му дале по четири гола на Реал

by 24 фудбал
1 минути читање

Напаѓачот на Виљареал, Александер Сорлот имаше своја ноќ која никогаш нема да ја заборави. Норвежанет сам донесе бод во дуелот со шампионот Реал Мадрид, откако му даде четири гола за конечни 4-4, враќајќи го својот тим од 1-4 негатива.

Сорлот за осум минути комплетира целосен хет-трик, по три асистенции од Морено. Со четирите гола против Реал, Сорлот влезе во одбрано друштво. Тој стана единаесетти фудбалер кој четири пати стрелал против „кралевите“ во еден меч.

Последен тоа го направи Тати Кастељанос минатата сезона со Џирона, а претходно во овој милениум им успеа уште на Роберт Левандовски и Диего Милито. Освен нив тројца, по четири гола против Реал во еден натпревар даваа Јосеп Самитер, Карлос Бестит, Мартин Вантолра, Мартинес Катала, Емилин, Еулоџио Мартинес и Естебан Ечевариа кој дури пет пати стрела против „кралевите“ во 1947 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани