466
Договорот на Алексис Санчез истекува во јуни 2018 и тој се уште не се договорил со Арсенал за продолжување на соработката. Се претпоставува дека тоа нема ни да се случи и тој ќе замине ова лето.
Интерес има од повеќе клубови меѓу кои ПСЖ, Баерн Минхен и Јувентус. Но Арсен Венгер вели дека Санчез ќе остане во клубот.
„Алексис беше како тимот, имаше проблеми на стартот и стануваше се посилен и посилен“ – вели Венгер.
„Тој е животно, секогаш подготвен да го убие противникот. Никогаш не се предава. Ќе биде тука и следната сезона бидејќи има договор и се надеваме дека ќе се договориме да го продолжи“.