Вo луд натпревар во Фиренца, Интер беше поразен од Фиорентина со 5-4 иако водеше на полувремето. Претходно прокоцка предходно прокоцка предност од 2-0 против Милан, а доживеа и разочарувачки порази од Кротоне и Сампдорија.
Интер пет кола по ред не знае за победа во Серија А, па тренерот Пиоли си поднел оставка од функцијата но бил одбиен од раководството.
Според „Кориере дело Спорт“, Пиоли ја загубил поддршката од неговите фудбалери и решил да замине, но Стивен Жанг и спортскиот директор Пјеро Аусилио го увериле да остане.
Пиоли останува тренер на Интер, но подготвен е повторно да си даде оставка доколку тимот доживее нов неуспех.
Ако замине, тренерот на младинскиот тим Стефано Вечи ќе го води тимот до крајот на сезоната.