Рамос: По толку плачење на Пике, судијата конечно подлегна на притисокот

by
2 минути читање

Капитенот на Реал
Мадрид го остави својот тим со играч помалку да се бори против Барселона во
завршницата, откако доби црвен картон во 77. минута при резултат 1-2.

Судијата Ернандез
Ернандез процени дека дефанзивецот опасно стартувал со две нозе, но Серхио
Рамос не се сложува со ваквата одлука.

„Црвениот картон
е претеран
– рече
дефанзивецот по крајот на натпреварот. „Никогаш не сум влегол во дуел со намера да повредам
играч
.

„Според моето
разбирање за фудбалот, требаше да добијам жолт а не црвен
.

„Да, закаснив со
стартот, но немаше контакт. Црвениот картон беше одлучувачки
.

За гестот кон
Пике кога го напушти теренот, Рамос додава: „Тие имаат различно разбирање за
фудбалот
.

„Постојано
зборуваат за судиите, и можеби тоа конечно вроди со плод
.

„Пике вели дека
судиите се наклонети кон Реал, но заборава дека судиите беа наклонети кон
Барса на дуелот со ПСЖ
.

„Пике обожава да
зборува за судиите, па му кажав дека по толку голем притисок и поплаки на
Твитер, тие на крајот ќе добијат помош од судијата
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани