Гвардиола ја завршува својата прва сезона без трофеј: Ако продолжам вака, нема долго да седам тука

by
1 минути читање

Првата сезона на Пеп Гвардиола во Англија не помина најславно, славниот шпански стратег за прв пат откако е тренер нема да освои трофеј во една кампања.

Последна шанса му беше ФА Купот, но Манчестер Сити синоќа загуби од Арсенал, по што стана јасно дека клубот нема да крене пехар оваа сезона.

„Доколку не освојувам пехари, нема да бидам долго тука. Сезона без трофеј не е добра сезона. Го знаев тоа во август, судбината на тренерот зависи од резултатите“ – вели Гвардиола.

„Знам какви беа моите стандарди во минатото кога се во прашање титулите, знам каков е притисокот на моите рамења и треба да се справам со тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани