Аталанта го совлада Лече и го завери местото во Лигата на шампиони (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Аталанта

Аталанта со 0-2 славеше на гостувањето кај Лече, популарната „Ла Деа“ со овој триумф го завери местото во Лигата на шампиони.

Аталанта го заборави болниот пораз од Јувентус во финалето на Купот на Италија, вечерва со победа над Лече го завери местото во Лигата на шампиони, и во добро расположение ќе ги одмери силите со Баер Леверкузен во Лига Европа.

Откако првито дел заврши без погодоци, Де Кетеларе влезе во игра на стартот од второто полуврмее и веќе во 48. минута погоди за 0-1.

Пет минути подоцна, Скамака реализираше за 0-2 и Аталанта за кратко време ги реши сите дилеми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани