„Меси прави разлика и кога седи дома и вечера“

by
1 минути читање

Лео Меси по којзнае кој пат покажа колку е добар, синоќа постигна два гола во победата на Барселона над големиот ривал Реал Мадрид, победничкиот го даде во 92. минута, тоа беше неговиот 500. во дресот на каталонскиот клуб.

„Меси дури прави разлика и кога седи дома и вечера“ – изјави Луис Енрике по натпреварот.

„Тој е најдобриот фудбалер во историјата на оваа игра, имам гледано многу фудбал, и многу видео од поранешни играчи. Тој ја прави разликата, огромно е задоволството што е еден од нас“.

„Помислете само, 500. гол го даде тука, победнички во 92. минута на Сантијаго Бернабеу“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани