Чарли Морган, кој во 2013 година се најде во центарот на вниманието кај фудбалската јавност по инцидентот со Еден Азар, се најде на последната листа на 40 најбогати милионери под 40 години во Велика Британија.
Еден Азар важеше за фудбалер кој ретко ги губи нервите, но напаѓачот направи сериозен инцидент на натпреварот помеѓу Свонси и Челси во Лига Купот во 2013 година.
Фрустриран од резултатот и како домаќините задржуваат време, напаѓачот удри момче кое собира топки.
Стануваше збор за 17 годишниот Чарли Морган, син на еден од директорите на Свонси.
🍸 Charlie Morgan, the ball boy kicked by Eden Hazard in 2013, has built up a fortune through his drinks company
— Mirror Football (@MirrorFootball) May 17, 2024
He's now worth £56m, and features on the latest Sunday Times list of the richest people in the UK under the age of 40 💰https://t.co/9QZpwqCBbR pic.twitter.com/YFx0IBDGQa
Тој никогаш не направи кариера како фудбалер, но се покажа дека е добар бизнисмен. Во 2015 година ја основал компанијата „Ау Водка“, која брзо стана многу популарна во Велика Британија и тој сега е милионер.
Неговата лично богатство се проценува на околу 56 милиони фунти, па Чарли Морган се најде на последната листа на 40 најбогати милионери под 40 години.