Челси потроши милијарда на засилувања, а Покетино да ти бил за жалење: Ова не е мојот тим!

by bojan
2 минути читање
Покетино

Маурисио Покетино се пожали дека Челси не игра онака како што тој сака бидејќи нема соодветни фудбалери на располагање и покрај тоа што „сините“ за две години потрошија една милијарда фунти на засилувања.

Челси синоќа славеше со 1-2 на гостувањето кај Брајтон, врза четири победи по ред во Премиерлигата и се искачи на позицијата број 6 на табелата.

Маурисио Покетино е задоволен од прогресот, но се пожали дека „сините“ не играат онака како што сака бидејќи нема соодветни фудбалери на располагање, и тоа откако Челси трошеше како никој друг изминативе години и беа инвестирани 1 милијарда фунти во засилувања.

„Ова не е мој тим, ова е тим на Челси“ – вели Аргентинецот.

„По 15 години работа во Еспањол, Саутемптон, Тотнем, ПСЖ и сега во Челси, мислам дека добро знаете каков е мојот стил. Како треба да играме кога го имаме поседот на топката и како кога ќе ја изгубиме топката“.

„Но на крајот од денот, треба да се прилогадам на околностите и составот кој го имам на располагање. Секако, доколку сум тука долги години како Сер Алекс Фергусoн или Арсен Венгер, тогаш ќе можам да кажам дека е мој тим“.

Тренот на Челси потоа реши да упати отровни стрели кон Пеп Гвардиола.

„Во оваа категорија би можел да го сместам и Пеп Гвардиола бидејќи тој има моќ на секој шест месеци да инвестира и да ги донесе играчите кои ги сака“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани