308
Романскиот второлигаш Корвинул Хунедоара сензационално го освои Купот во оваа земја. Станува збор за клуб со огромна традиција подолга од еден век, кому најдобар резултат во историјата му беше трето место во првата лига во 1982 година.
Корвинул успеа да го совлада тимот на Оцелул Галаци во финалето, откако подобро изведуваше пенали. Резултатот по регуларното време беше 2-2, а потоа второлигашот со 3-2 го доби пенал рулетот.
Инаку, на патот кон трофејот Корвинул Хунедоара ги совлада екипите на Петросанија, Чинди, Сепси, Прогресул, Клуж, Волунтари и последно Оцелул Галаци.
Со освојувањето на трофејот оваа екипа како второлигаш летово ќе игра квалификации за Лигата на Европа.