Гордон не може да поверува како Њукасл не доби пенал против Манчестер јунајтед: За што ни е ваков ВАР? (ВИДЕО)

by bojan
3 минути читање
Гордон

Напаѓачот на Њукасл, Ентони Гордон не може да поверува како не добил пенал против Манчестер јунајтед, смета дека ваков ВАР не им е потребен, па или треба да се укине, или да се подобри.

Синоќа беше објавено дека клубовите од Премиерлигата следниот месец ќе гласаат за укинување на ВАР, предлогот го дал Вулверхемптон, а за одлуката да помине е потребно двотретинско мнозинство, или 14 гласа.

И токму вчера одново имаше контроверзен момент на мечот помеѓу Манчестер јунајтед и Њукасл, кога Ентони Гордон не доби пенал иако беше нагазнат од Амрабат

„Повторно го гледав моментот, чист пенал. Не ми пречи тоа што судијата на теренот погреши, но не разбирам зошто ВАР не се огласи. Која е поентата на ВАР тогаш, нели е тука да исправа грешки?“ – вели напаѓачот на Њукасл.

„Амрабат ме нагазна на Ахиловата тетива и потоа ме бутна во грбот. Касемиро прв стигна до топката, но имаше два прекршока претходно. За што ни е ваков ВАР?“

„Веднаш знаве дека е пенал, затоа и не се бунев многу, не ми пречеше тоа што судијата не свирна пенал, се се одвиваше брзо. Но чекaв ВАР да направи проверка и да биде досуден пенал. Можете да видите како им кажував на соиграчите дека е чист пенал“.

„Но наместо пенал, играта продолжи, а јас останав со искинати чорапи. Како е ова можно?“

Запрашан за најавите дека ќе се гласа за укинување на ВАР, тој додаде: „Искрено да ви кажам, и јас сум за ова“.

„Еве денеска на теренот имаше очигледна грешка, па не ми е јасно како ВАР не се огласи“.

„Или треба да го укинеме ВАР, или треба да го подобриме, едноставно е“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани