Наполи и Јувентус го решиле прашањето околу новиот тренер, Антонио Конте ќе седне на клупата на „Диего Марадона“, додека пак Тијаго Мота ќе го превзеде кормилото на „старата дама“.
Неколку клубови не ги оправдаа очекувањата оваа сезона во Серија А, па се говори дека Наполи, Јувентус и Милан ќе добијат нови тренери.
Последните информации велат дека Антонио Конте ќе седне на клупата на „Диего Марадона“, бил направен значителен прогрес на последниот состанок.
Стратегот и Наполи начелно се договориле за тригодишна соработка и плата од 7 милиони евра по сезона. Веќе се разговарало и за настапот на трансферот пазарот, Антонио Конте побарал Квича Кварацхелија да не биде продаден под ниту една цена, и кажал кои играчи ги сака како засилувања.
Што се однесува до Јувентус, се говори дека „старата дама“ пронашла заеднички јазик со Тијаго Мота за двегодишна соработка, плус опција за додатни 12 месеци и плата од 3,5 милиони евра по сезона.
Се очекува вечерва, по финалето во Купот на Италија, Макс Алегри да соопшти дека заминува, а на крајот од сезоната Јувентус и Тијаго Мота да го формализираат договорот.
Останува да се види каков ќе биде изборот на Милан.