Не стивнуваат реакциите по синоќешниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Судијата Виктор Кашаи е мета на критиките од сите страни. Во редот застана и Томас Милер.
„Не одигравме перфектно, но се однесувавме како мажи на теренот доколку видите како се одвиваше натпреварот“ – вели Милер.
„Доколку видите на каков начин се одвиваа работите, знаете дека екстремно тешко е да играте 10 против 14. Голот за 2-2 беше најлош, асистентот имаше чист поглед. Тоа не уби“.
„Бевме во одличен налет, психолошкиот момент беше на наша страна при 2-1 и се уште имавме 11 фудбалери на теренот. Но тогаш на сцена стапија судиите. После се она што се случи, не можеме да си одиме дома и едноставно само да речеме „се случуваат вакви работи“.
„Можеби Видал требаше да биде исклучен претходно, но дефинитивно не во ситуацијата за која му беше покажан втор жолт картон“.