Вечерва во Лигата на шампионите се игра реваншот од второто полуфинале помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен, а пред овој натпревар беше видена и една интересна сцена во која во главна улога беа тренерот на Баерн, Томас Тухел и легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд.
Рио Фердинанд веќе подолго време е дел од студиските програми наменети за Лигата на шампионите, па така сега се сретна со Тухел кој го води Баерн.
Доколку нешто не се промени веќе е потврдено дека Тухел го напушта Баерн на крајот на сезоната, а исто така важи за еден од кандидатите да го преземе Манчестер Јунајтед ако Тен Хаг кој бележи катастрофални резултати добие отказ.
Посебно шпекулациите се подгреаа со последната изјава на Тухел дека Премиер лигата за него секогаш била посебна, ќе потсетиме во Англија тој го водеше Челси.
Сега Фердинанд одлучи да му шепне нешто на германскиот стратег, а потоа следуваше насмевка и кај двајцата. Засега не е познато што си кажаа во тој краток разговор. Фановите шпекулираат дека Фердинанд на шега го убедувал да прифати понуда од Јунајтед, секако доколку ја има.