Матсен не беше доволно добар за Челси, Санчо не беше дициплиниран за Тен Хаг – сега двајцата се во финале!

by riste
1 минути читање

Борусија Дортмунд направи фантастична работа што ги позајми Матсен и Санчо од Премиерлигата, двајцата во жолтиот дрес покажуваат одлични игри и имаат заслуги за пласманот во финалето.

Покетино одлучи дека не му треба Матсен, дека не е доволно добар за Челси па го пушти на позајмица во Дортмунд.

Егото на Тен Хаг беше преголемо за да го врати Санчо во првиот тим откако го казни, бараше извинување од фудбалерот, а откако не го доби, го прати на позајмица во Дортмунд.

Двајцата фудбалери сега може да им бидат благодарни на англиските клубови за нивните погрешни одлуки, Санчо и Матсен покажаа што знаат и заслужено ќе играат во финале.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани