Поранешниот спортски директор на Рома, Џанлука Петраки објасни зошто според него Јувентус нема да го отпушти Алегри и покрај слабите резултати во последно време.
Алегри е под притисок, навивачите бараат негова смена и сакаат промени. Сепак Петраки смета дека тој ќе остане, а како главна причина го наведе неговиот богат договор.
„Три години зборуваат дека ќе замине, а на крајот го почитуваат неговиот договор. Мислам дека и сега ќе остане бидејќи има многу богат договор. Ако замине Јувентус ќе мора добро да плати, станува збор за тренер кој чини седум милиони евра нето годишно“, изјави Петраки.
Единствен начин според Петраки е да замине е да се појави клуб или репрезентација кој ќе сака да ја плати таа сума.
„Постои еден начин, а тоа е да се појави клуб или репрезентација која ќе му ги даде на Алегри тие пари. Но, мислам дека тоа ќе биде тешко. Не верувам дека ќе си замине, посебно затоа што Јувентус нема да сака да доведе било кого и добро ќе треба да го плати и наредниот тренер“, истакна Петраки.