Манчестер јунајтед под водство на Ерик Тен Хаг руши негативни рекорди, но холандскиот стратег верува во подобра иднина.
Црвените ѓаволи синоќа доживеаа тежок пораз на гостувањето кај Кристал Палас каде загубија со 4-0, до крајот на сезоната имаат дуели со Арсенал, Њукасл и Брајтон, па тешко е дека ситуацијата може да се подобри.
„Како Манчестер јунајтед треба да играме подобро. Фудбалерите кои се на располагање треба да играат подобро. Заслужено загубивме. Перформансите не беа како што очекувавме“, рече Тен Хаг по мечот.
„Ќе продолжам да се борам. Тоа треба да го правам со фудбалерите кои се на располагање. Има причини, сите ни ја видоа клупата, но треба да се справуваме со тоа. Треба да се бориме како фановите што се борат“.