Новиот шпански првак Реал Мадрид е пред договор за продолжување на соработката со еден од играчите со најдолг стаж, Лукас Васкез.
Бекот кој може да ги покрие сите странични позиции посакува да остане во Мадрид, а сличен е ставот и на клупската управа. Иако во моментов се стопирани сите преговори за договори до крајот на сезоната, односно по крајот на задолженијата на „кралевите“ во Лигата на шампионите, Шпанците најавија дека веќе нема дилеми околу иднината на Васкез.
Фудбалерот ова лето полни 33 години, а посакува да остане во Мадрид за својата десетта сезона како „крал“. Васкез по четири пати во кариерата беше првак во Лигата на шампионите и Примера, а има трофеи и во Купот на kралот, Суперкупот на Шпанија, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.