Француската фудбалска ѕвезда, Килијан Мбапе прифати да се трка на 100 метри со светскиот рекорд, Усеин Болт.
Мбапе важи за еден од најбрзите фудбалери, но свесен е дека нема шанси против Болт, сепак сака да се трка со светскиот рекордер, смета дека тоа би било забавно за публиката.
„Болт е голем шампион и навистина му се восхитувам на се што направи во кариерата. Ова не го велам затоа што неодамна кажа убави зборови за мене, туку навистина го мислам тоа. Тој е еден од најголемите спортисти во модерната историја. Видов дека Болт рече дека би сакал му застанам на линијата и подготвен сум за тоа. Тој е секако побрз од мене, би ме победил без проблем, но мислам дека ваквата трка би била многу забавна, па ајде да ја одржиме“, изјави Мбапе.
Светскиот рекорд кој го држи Болт изнесува 9,58 секунди, додека Мбапе истото растојание го има истрчано за 10,9 секунди.