392
Легендата на светскиот, но посебно аргентинскиот фудбал, Сезар Луис Меноти почина на 85-годишна возраст.
Како селектор Меноти ја водеше Аргентина до титулата на Мундијалот во 1978 година и така засекогаш го запиша своето име во историјата на оваа држава.
Тој е роден на 5. ноември 1938, беше познат по прекарот „Ел Фако“. Најголем дел од тренерската кариера беше тренер во Шпанија каде што ги водеше Барселона и Атлетико Мадрид и успеа да ја освои Ла Лига, Купот на Кралот и шпанскиот Суперкуп.
Како играч го носеше дресот на Росарио, Расинг, Бока Јуниорс, Њујоркс и Сантос каде што заедно со Пеле освои четири шампионски титули.