Видео технологијата му поништи гол на Гризман, му призна на Делофеу (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Иако видео технологијата веќе почна експериментално да се користи на некои помали натпревари, синоќа за прв пат беше искористена на меч помеѓу две големи репрезентации како Франција и Шпанија.

Гледачите можеа да видат две клучни ситуации кои беа решени со помош на технологијата.

Антоан Гризман се израдува на погодок, кој по асистенција на судијата задолжен за видео технологија беше поништен поради офсајд.

Спортивна ситуација имаше селекцијата на Шпанија, Делофеу постигна гол, најпрво беше покажан офсајд, но по асистенција од видео технологијата голот беше признаен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани