Клоп летоска на располагање ќе го има најголемиот трансфер буџет во историјата на Ливерпул

by
1 минути читање

Клубот од Енфилд
кон финишот на 2016 изгледаше како единствен конкурент на Челси во битката за
титулата, но лошите партии на стартот од новата година придонесоа Ливерпул сега
да се бори само за топ четири пласман.

Јирген Клоп беше
критикуван за овој пад во формата, особено поради тоа што не донесе засилувања во зимскиот преоден рок.

Германецот ќе има
прилика да го корегира ова по крајот на сезоната, според пишувањата на Пол Џојд
од Тајмс, Јирген Клоп на располагање ќе го има најголемиот трансфер буџет во
историјата на Ливерпул.

Бројки не се споменуваат,
но се говори дека сопствениците со овој потег сакаат да покажат дека „Црвените“ можат да се
натпреварувата со најдобрите во Англија и Европа.

Вирџил ван Дијк
од Саутемптон, Наби Кеита од РБ Лајпцинг и Пјер Емерик Обамејанг од Борусија
Дортмунд се посочуваат како топ трансфер цели.

Исто така се
говори дека на листата со желби се и Јулијан Бранд од Баер Леверкузен, Алекс
Окслејд Чемберлен од Арсенал, Демарај Греј од Лестер и Мајкл Кин од Барнли.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани