Арсенал ја одреди цената на Алексис Санчез

by
1 минути читање

Алексис Санчез е обврзан
кон Арсенал до 2018, преговорите во моментов се стопирани и двете страни одново
ќе се сретнат по крајот на сезоната.

Доколку не успеат
да го убедат играчот да остане, „Топчиите“ ќе бидат приморани летоска да го
продадат.

Клубот од Северен
Лондон е свесен дека во моментов ова е најреалното сценарио па полека се
подготвува за заминување на Алексис Санчез, и според медиумите од Англија веќе е
одредена цената на играчот.

Стандард и Мирор
пишуваат дека Арсенал за услугите на 28 годишниот Чилеанец ќе бара најмалку 50
милиони фунти.

И покрај тоа што
фудбалерот ќе има само 12 месеци од својот договор по крајот на сезоната,
„Топчиите“ се убедени дека ќе добијат вакава сума со оглед на тоа дека се работи
за играч од светска класа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани