Една поинаква слика за Лестер: Раниери имаше лоша организација, да не беше Шекспир тимот ќе се распаднеше

by
2 минути читање

Отказот на
Клаудио Раниери останува една од топ темите на „Островото“, Италијанецот
минатиот месец „доби клоца“ откако во мај испиша убава приказна и на Лестер му ја донесе титулата во
Премиерлигата.

Неговиот
помошник, Крег Шекспир привремено го превзеде кормилото на „Лисиците“ и под
негово водство играчите веднаш заиграа далеку подобро и сврзаа три победи во
низа.

Ваквиот развој на
настаните доплнително ги иритира фудбалските фанови кои ги критикуваат
фудбалерите на Лестер и ги обвинуваат дека му забиле нож во грб на Клаудио
Раниери.

Кевин Филипс, кој
кариерата ја заврши во дресот на Лестер и потоа беше дел од тренерскиот
персонал на „Лисиците“, имаше прилика неколку месеци да работи со Италијанецот и сега
дава една поинаква слика за случувањата на Кинг Пауер Стадионот.

„Краток период
работев под водство на Раниери, и на моменти организацијата беше лоша
– вели Филипс.

„Шекспир ги
држеше работите под контрола и доколку не беше тој, тимот ќе се распаднеше
многу порано, Раниери често леташе за Италија“.

„Секако дека
менаџерот е тој што ја добива целата заслуга за освојување на титулата, но ќе
беше многу потешко доколку Шекспир не беше дел од персоналот
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани