Сопругата на Есиен си купи клуб во Италија

by
1 минути читање

Фудбалскиот клуб
Комо, кој зад себе има повеќе од 100 години традиција, на крајот од 2016 банкротираше,
а судот го стави на аукција со почетна цена од 227.000 евра.

По три неуспешни
обиди за продажба, вчера се појави спасител во името на Акосуа Пуни, сопруга на
Мишел Есиен, поранешниот играч на Лион, Челси, Реал Мадрид и Милан.

„Фудбалскиот Клуб
Комо е задоволен што може да соопшти дека доби нов сопственик во името на Акосуа Пуни, сопруга на Мишел Есиен. Таа наскоро ќе пристигне во градот за да
се претстави
– гласи
соопштението на третолигашот.

Целата е што
поскоро клубот да се врати на цврсти нозе и да се избори пласман во Серија Б.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани