Шведска фудбалска легенда ја открива темната страна на Ибрахимовиќ

by
1 минути читање

Андрес Свенсон кој сега има 40 години и е пензиониран фудбалер, со најмногу настапи за шведската репрезентација, 148, ја отркива и темната страна на Ибрахимовиќ.

„Една минута може да биде многу пријатен, но веќе во следната секунда да стане тотален идиот. Повремено се однесуваше ужасно лошо со некои фудбалери дотолку што се чудиш што навистина се случува“ – вели Свенсон.

„Мислам дека со тоа сака да ги тестира новите фудбалери, да види колку можат да издржат. Но мислам дека тоа не е вистинскиот модел“.

„Никогаш немало ништо лошо помеѓу мене и него, мислам дека тој имаше почит за постарите“.

Досега ниту еден од играчите на Манчестер јунајтед не се пожалиле од Ибрахимовиќ, напротив тврдат дека тој има позитивно влијание врз нив. Но во минатото, особено периодот кога играше за Интер и Милан имаше инциденти со помладите играчи во тимот. Можеби во меѓувреме Швеѓанецот созреал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани