Барселона го направи тоа што беше тешко да се замисли, анулираше негатива од 4-0, победи со 6-1, иако до 88. минута резултатот беше само 3-1. Ова е историска победа, најголем камбек Лигата на шампионите досега.
Дека во спортот се е возможно, фудбалерите на Барселона виделе од последниот Супер Боул, каде што Њу Ингланд Патриотс се вратија од 25 поени нагатива и ја совладаа Атланта Фалконс со 34-28.
„Не, не можам да верувам. Ова беше навистина невозможно. Поминаа 20 минути од натпреварот, лудо е и неверојатно“ – вели Ракитиќ во изјава по крајот на мечот.
„Благодарност за тимот, за сите луѓе во клубот и фановите. Ова навистина беше посебен ден и тешко е да се каже било што“.
„Натпреварот во Париз беше тежок за нас, многу луѓе зборуваа лошо за тимот, но реакцијата беше посебна. Ова е историја“.
„Потребно беше да веруваме. Губевме 4-0 но тоа е фудбал. Го гледавме Супер Боул натпреварот и видовме дека се е возможно во спортот. Денеска беше лудо. Ова е Барселона, најдобриот тим во светот и сакаме да го продолжиме нашиот сон во Лигата на шампионите“.