545
Популарниот
„Нинџа“ полека прераснува во клучен играч на „Римската Волчица“ и тоа го
демонстрираше уште еднаш на вчерашниот дуел со Интер.
Репрезентативецот
на Белгија со убав гол го отвори резултатот во 12. минута, а потоа погоди
уште еднаш за 0-2 во 56. минута.
Медиумите од
Италија се особено импресионирани од вториот погодок. Наинголан освои една
топка на својата половина, претрча 60 метри и биеше неодбранливо.
Телеметријата на Скај
Италија покажала дека проектилот на „Нинџа“ се движел со речиси 100 км/ч или поточно
99,21 км/ч.