Буфон уште еднаш покажа класа, испрати роденденска честитка за помладиот колега Донарума

by
2 минути читање

Ова е голем ден
за талентираниот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума денес полни 18 години и му се отвараат нови врати.

Младиот
Италијанец дебитираше за „Росонерите“ на 16 години, важи за огромна надеж и
многумина го гледаат како наследник на легендарниот Џиџи Буфон.

Голманот на
Јувентус уште еднаш ја покажа својата класа и одвои време за да испрати специјална
порака за својот помлад колега.

„Здраво Џиџо,
овде е Џиџи
– вели Буфон.
„Ти поскувам среќен роденден
.

„Конечно можеш да
влезеш во светот на големите момци, на кој припаѓаше и претходно
.

„Уживај колку
можеш повеќе во овие години. Ќе разбереш дека е тешко во светот на возрасните
.

„Но ти ги имаш
сите потребни квалитети, технички како голман и морални како момче, да креираш
важен простор, за да бидеш среќен и да одбележиш една ера
.

За секој голман
од Италија во последните 20 години Џиџи Буфон е модел и пример кој треба да се следи, па
сигурно овие збориви ќе бидат од големо значење за младиот Џанлуиџи Донарума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани