161
Марко Верати
блесна на фудбалската сцена во сезоната 2011/12 во дресот на Пескара под
водство на Зденек Земан, кој му даде нова улога на „региста“ во тимот, и го
постави да игра пред одбраната.
ПСЖ тогаш реагираше
најбрзо и го купи Марко Верати, но играчот сега е желба на Барселона и често се
пишува за негово заминување од Париз и покрај тоа што „Светците“ не сакаат да
слушнат за продажба.
Во разговор со
Газета дело Спорт, Зденек Земан вели дека може да го види Марко Верати во
дресот на „Каталонците“.
„Сигурен сум дека
Марко ќе ја донесе правата одлука за сопственат аиднина, но да, можам да го
видам во Барселона” –
вели поранешниот ментор на Верати.
„Но и во ПСЖ и
Париз ужива во прекрасна авантура”.