„Лестер треба да биде гаден и агресивен“

by
1 минути читање

Алан Смит смета дека фудбалерите на Лестер треба да се обединат, да ја кренат самодовербата и да излезат од кризата, најлошо е да се делат во кланови.

„Мислам дека треба да се вратат на основите. Треба да важат за гаден тим против кој не е лесно да се игра. Такви беа минатата сезона, агресивни“ – вели Смит.

„Најлошо што можат да направат е да се делат на кланови. Нивната најголема сила минатата сезона беше што дишеа како едно. Тоа треба да го направат и сега“.

„Има приказни и гласини дека фудбалерите не се согласуваат, дека не се задоволни и од методите на тренерот. Што и да се случува, тие имаат шанса во сабота да излезат и да одиграат како што го правеа тоа минатата сезона“.

„Загрижувачки е, самодовербата им е падната до под. Изгледаат како да не знаат како да играат. Најголемиот дел од нив се само сенка на тоа што беа минатата сезона“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани