Алвеш му одговори на Рамос: Не заслужуваш почит од фановите на Севиља!

by
2 минути читање

Капитенот на Реал
Мадрид е дете на Севиља но често добива свирежи од публиката на Рамон Санчез
Писхуан.

Серхио Рамос
минатиот месец реши јавно да изрази незадолство и ги запраша фановите зошто ги
пречекуваат Дани Алвеш и Иван Ракитиќ како богови, а на него му ја пцујат
мајката.

Дани Алвеш сега
се огласи на оваа тема, и му порача на дефанзивецот дека нема направено ништо
за Севиља па затоа и не заслужува почит од фановите.

„Не е убаво тоа
што Рамос е навредуван, но во исто време, тој не е во позиција да бара почит од
фановите
– вели десниот
бек.

„Само неколку
дена пред да се пресели во Реал Мадрид, Рамос на фановите на Севиља им објави
вечна љубов, и тоа е коренот на проблемот и бесот кој фановите го имаат кон него
.

„Тој се уште е
заложник на овие зборови
.

„Да бидам и
искрен, Рамос не направи поголем успех со Севиља за да бара почит. Јас бев таму
шест години и освоив многу титули
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани