Горан Пандев доби нов тренер

by
0 минути читање

Џенова освои само два бода од последните девет натпревари, тимот немаше победа од средината на декември, а ситуацијата кулминираше со поразот од 5-0 на гостувањето кај последната Пескара.

Претседателот на Џенова, Енрико Прециоси брзо реагираше, го отпушти Јуруќ и на негово место го донесе Мандорлини.

Поранешниот тренер на Верона и Аталанта потпиша 18 месечен договор со Џенова.

Најголем дел од играчката кариера Мандорлини помина во Интер, клубот за кој навива. А како тренер работел во Аталанта, Болоња, Падова, Сиена, Сасуоло…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани