Натпреварот помеѓу ПАОК и Шалке важи за меч од висок ризик поради тоа што навивачите на германскиот тим се збратимени со фановите на Вардар, Комити.
Пријателството меѓу Вардар и Шалке е големо, па од ПАОК предупредија да не се носат македонски обележја во Солун за време на мечот, а тоа дополнително ја наектрелизира атмосферата. Инциденти се очекуваа и тие веќе започнаа.
Од Грција пристигнуваат информации дека 150 навивачи на Шалке влегле во судир со грчката полиција. Фановите на германскиот клуб фрлале со камења и пиротехника кон полицијата која одговорила со димни бомби.
Повредени и уапсени нема во овој инцидент но се стравува дека посериозните судири допрва доаѓаат.
На вечерашниот меч кој почнува од 21:05 најавено е присуство на околу 1400 навивачи на Шалке.