Баерн Минхен ја искористи предноста на домашен терен, славеше со големи 5-1 и веќе може да се радува на пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Веќе во 11. минута Робен со прекрасен гол донесе водство за Баерн Минхен од 1-0, но предноста беше неутрализирана во 30. минута кога Санчез најпрво промаши пенал, но погоди од втор пат за 1-1.
Во второто полувреме Баерн Минхен имаше фуриозни десет минути во кои постигна дури три гола. Левандовски најпрво го врати водството, а потоа Тиаго Алкантара погоди два пати за убедлива предност од 4-1.
Точка на натпреварот стави Томас Милер во 88. минута за конечен резултат од 5-1.
Голем дебакл на Арсенал во Минхен, реваншот на Емирати се чини дека ќе биде само чиста формалност.