Санчез заминува од Арсенал?

by
1 минути читање

Ја игра ли Санчез последната сезона во дресот на Арсенал? Гласините велат дека станува мета на неколку големи клубови, а најсериозен во намерата да го ангажира е Јувентус.

Според „Тутоспорт“, италијанскиот весник близок до Јувентус, Алегри сака да направи напаѓачко трио за следната сезона составено од Санчез, Игуаин и Дибала.

Договорот на Санчез со Арсенал истекува по крајот на следната сезона. Информациите од Англија велат дека тој одбил нова понуда од англискиот клуб за продолжување на соработката. 

Доколку не потпише нов договор ќе биде продаден во летниот преоден рок со цел Арсенал да заработи од неговиот трансфер.

Санчез не е незадоволен само од финансиската понуда на Арсенал, тој е фрустриран што клубот не е конкурентен за најголемите трофеи.

Серија А не е непозната лига за Чилеанецот, тој својата главна промоција на европска сцена ја имаше во Удинезе.

Покрај Јувентус, интерес за Санчез има и од ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани