Делириум во Париз, Барса доживеа фарса! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Вистински шок и се случи на Барселона на гостувањето кај ПСЖ. Ниту најголемите оптимисти кои навиваат за францускиот клуб не типувале на победа од 4-0.

Парижаните беа многу подобар противник и одржаа вистинска лекција на Барселона.

Голеадата во мрежата на Барса почна во 18. минута кога Ди Марија постигна гол од слободен удар за водство од 1-0, на пет минути до крајот на првиот дел Дракслер зголеми на 2-0.

Иста приказна се случуваше и во второто полувреме, во 55. минута фантастичен погодок на Ди Марија за огромно водство од 3-0, нов гол на поранешниот фудбалер на Реал Мадрид.

Точка на мечот стави Единсон Кавани во 72. минута од натпреварот, неверојатни, неверојатни 4-0 за ПСЖ со кои речиси е невозможно да не ја елиминираат Барселона и да се пласираат во четвртфиналето.

Во Лисабон шансите за Борусија Дортмунд победата за Бенфика. Португалците славеа со 1-0.

Единствениот гол беше постигнат по три минути игра во второто полувреме кога Луизао спушти една топка до Митроглу а тој ја смести во мрежата на Дортмунд.

Обамејанг е вистински трагичар за Германците, промаши две идеални прилики плус не реализираше пенал по што беше изваден уште во 62. минута од натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани