Луис Енрике: Никогаш не е лесно со ПСЖ, но имаме добри спомени од Париз

by
1 минути читање

Вечерва започнува осминафиналната фаза од Лигата на шампионите, ПСЖ ја пречекува Барселона. Каталонците имаа добар скор против францускиот тим и се надеваат дека така ќе биде и по овој двобој.

„ПСЖ игра на високо ниво во изминатите неколку недели. Треба само да одиграме подобро од нив и да победиме. Знаејќи го Унаи, тој ќе се обиде да ни ја отежне работата. Двата тима имаат иста цел, но ние ќе се обидеме да ја контролираме топката и да креираме колку што е можно повеќе шанси“ – вели Луис Енрике.

„Имаме добри спомени од овој терен и овој тим. Никогаш не било лесно. Сигурен сум дека ќе биде многу интересен натпревар“.

Барселона на овој натпревар ќе биде без Арда Туран, Хавиер Маскерано и Алекс Видал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани