Милан во Болоња извојува херојска победа со девет фудбалери, а најзаслужен беше Жерар Делофеу кој во 89. имаше фантастична асистенција до Пашалиќ кој само од лесна позиција ја смести топката во мрежата и донесе голема радост за својот тим.
„Натпреварот во Болоња беше неверојатен, магична ноќ за Милан“ – изјави Делофеу за Медиасет Премиум.
„Трчавме како за три натпревар, не за еден. Сега веќе размислуваме за дуелот со Лацио во понеделник кој исто така е многу важен меч за нас“.
„Имаме време да се опоравиме, точно е дека ни недостасуваат многу фудбалери, но сите се силни и подготвени да истапат“.
Делофеу е подготвен да биде лажната деветка на Милан, а вели и дека е импресиониран од Сусо и Бонавентура.
„Лажната деветка е опција за мене, брз сум и можам да играм на повеќе позиции, но не ме споредувајте со Дрес Мертенс, тој е друг тип на играч а и Наполи игра поинаков стил“.
„Монтела е тренер со многу јасни идеи, ми влева доверба и ми ги објаснува вистинските движења“.
„Фудбалерите кои најмногу ме импресионираа досега се Сусо и Бонавентура, имаат навистина многу квалитет“.