Раниери имал кризен состанок со Варди и Марез

by
2 минути читање

Џејми Варди и
Ријад Марез минатата сезона беа едни од најзаслужните за големата сензација и
титулата во Премиерлигата, Англичанецот сезоната ја заврши со 24 погодоци, а
Алжирецот имаше 17 гола и 11 асистенции.

Но тие сега се
само бледа сенка, исто како и поголемиот дел од тимот. Џејми Варди има пет
гола, а Ријад Марез само три, па Лисиците се наоѓаат во долниот дел на табелаtа
и во сериозна опасност да станат првиот шампион кој испаднал по Манчестер Сити
во 1938.

Избраниците на
Клаудио Раниери имаат само бод повеќе од местата кои водат во ранг подолу, па
Италијанецот одржал кризен состанок со двете ѕвезди.

„Оваа сезона
постигнавме мал број на погоци. Не сум фрустриран бидејќи очекував ваква сезона

– вели Италијанецот.

„Секако, не
очекував дека ќе ни биде толку тешко, но нормално е по триумфот во првенството“


„Разговарв со
Ријад и разговар со Џејми и знаеме зошто имаме постигнато помалку голови, но
нема да ви кажам
.

„Да, состанокот
беше само со нив двајца, бидејќи добро соработуваат. Минатата година заедно
постигнаа многу погодоци, имаа голем број на проигрувања, но оваа сезона тоа не
е функционира
.

„Му кажав на Ријад,
„врати се на минатата сезона“. Му кажав само два збора „врати се“. Тој работи
напорно и е позитивен, ми се допаѓа кога тој е позитивен. Го гледам, има
насмевка на лицето и тоа добро
.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани