Конте сака да пазарува од Јувентус

by
1 минути читање

Конте беше виден на стадионот во Торино на дуелот помеѓу Јувентус и Интер. Информациите велат дека не бил само да го види својот поранешен клуб, туку да проследи во живо некои од неговите можни засилувања.

Првично се мислеше дека се работи за бекот Алекс Сандро, но сега весниците пишуваат дека Конте го сака Дибала, кој е една од главните ѕвезди во тимот.

Во изминатиот период се пишуваше и за недоразбирања помеѓу Дибала и Алегри и дека еден од нив ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.

Доколку Челси сака да го купи Дибала, сигурно ќе треба да плати огромна сума, а таа може да ја собере од продажбата на Диего Коста во Кина, зделка која речиси сигурно ќе се случи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани