Според информациите на Фабрицио Романо, Андони Ираола е на чекор да стане нов менаџер на Ливерпул. Според неговите информации, раководството на „црвените“ веќе донело одлука токму шпанскиот стратег да биде наследник на Арне Слот, кој денеска и официјално ја заврши соработката со клубот од „Енфилд“.
Наводно, разговорите меѓу двете страни би требало да бидат завршени во многу краток рок, бидејќи челниците на Ливерпул немаат друг кандидат за тренерската функција.
Ираола со својата препознатлива тактичка визија и одличните резултати на клупата на Борнмут привлече големо внимание во англиската фудбалска јавност, а тоа не останало незабележано ниту кај управата на Ливерпул.
Со евентуалниот ангажман на Ираола, клубот испраќа јасна порака дека ќе остане верен на офанзивниот и современ стил на игра.
Според информациите, останува да се усогласат уште детали пред Баскиецот и официјално да стави потпис на најголемиот договор во својата тренерска кариера.