„Старата Дама“ со
1-0 го доби „Дербито на Италија“ против Интер, но и покрај тоа на теренот имаше
незадоволни играчи во редовите на „Старата Дама“.
Откако минатата
недела Пауло Дибала одби да се поздрави со Масимо Алегри кога беше заменет,
сега Стефан Лихтштајнер, видно лут, имаше да му каже нешто на тренерот кога беше
повлечен одигра.
„Можам да имам
само по еден намуртен играч на натпревар!” – рече по крајот на средбата предводникот на Јувентус.
„Минатиот пат
беше Дибала, сега е Лихтштајнер, ќе видиме кој ќе биде на следниот натпревар”.
„Најважно е да
продолжат да играат во ист стил”.
„Во секој случај,
погрешно го разбрав изразот на Лихтштајнер. Кога падна мислев дека е повреден и
бара измена. Но тој ми кажа дека се е во ред со него и дека можел да продолжи”.