Пандев беше стартер за Џенова, Лацио броеше до шест кај Пескара (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Продолжува
голгетерскиот пост на Горан Пандев во Серија А, капитенот на Македонија беше
стартер на дуелот против Сасуоло, на теренот помина 68. минути но не успеа да
помогне неговиот тим да стигне до позитивен резултат.

Репрезентативецот
на „Црвено-жолтите“ имаше добра шанса во 18. минута да го отвори резултатот, но
голманот Консиљи одбрани.

Во 26. минута
гостите стигнаа до водство од 0-1, Пелегрини се најде осамен на подалечната статива и ја затресре мрежата
на Џенова.

Лацио стигна до
нова победа откако со убедливи 2-6 славеше против Пескара.

Гостите рано
поведоа со 0-2 со двата гола на Пароло, но домаќините преку Бенали и Бругман на
пауза заминаа со 2-2.

Сепак, во вториот
дел на теренот имаше само еден тим, Пароло постигна нови два гола а во листата
на стрелци се запишаа и Кеита и Имобиле за конечни 2-6.

Аталанта со 2-0
славеше над Каљари, Емполи и Торино одиграа 1-1, а на средбата помеѓу Киево и
Удинезе немаше голови.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани